Неколку воздухопловни компании ги повлекоа од сообраќај авионите од моделот „Boeing 737 Max 8“ по падот на авионот на етиопската воздухопловна компанијата „Ethiopian Airlines“, во кој во неделата животите ги загубија 157 луѓе.
Авионот се урна во неделата утрото само шест минути по полетувањето од аеродромот Адис Абеба. Ова е втор пад на овој тип авион во последните пет месеци.
Кинеските и индонезиските регулатори им наредија на превозниците да ги суспендираат летовите кои се изведуваат со овој модел авиони. Претходно во понеделникот „Ethiopian Airlines“ и „Cayman Airways“, исто така, ги приземјија своите летатала „Boeing 737 Max 8“.
Експертите предупредуваат дека е прерано за веродостојни оцени за причината за падот во неделата, но истиот модел од авион се урна во октомври минатата година на летот на индонезискиот „Lion Air“. И тогаш авионот нагло ја загубил висината непосредно при полетувањето, а во несреќата загинаа 189 луѓе.
„Имајќи ги предвид дека и двете несреќи паднаа новоиспорачани авионите ‘ Boeing 737 Max 8’ и дека се случиле во фазата на полетувањето, постои одреден степен на сличност“, се наведува во сооопштението на кинеската Управа за цивилно воздухопловство.
Така, овој модел авиони привремено ги приземјија кинеските авиопревозници „Air China“, „China Eastern Airlines“, „Kunming Airlines“ и „China Southern Airlines“ Во Кина во употреба се повеќе од 90 авиони од типот „Boeing 737 Max 8“.
Индонезиското министерство за сообраќај најави дека во вторник ќе започне инспекцијата на еден авион на компанијата „Garuda Indonesia“ и на десет авиони „Lion Air“. Авионите би биле приземјени сѐ додека не ги одобрат регулаторите за безбедност во сообраќајот.
Овој модел авион е во комерцијална употреба од 2017 година. Од „Boeing“ известија дека се „длабоко ожалостени“ поради несреќата, додавајќи дека испраќаат тим кој ќе даде техничка помош во истрагата. Истрагата ќе ја водат етиописките власти во координација со тимови од експерти од „Boeing“ и американскиот Национален комитет за безбедност на сообраќајот.
Според интернет страницата на „Boeing“, авионите од типот „737 Max 8“ се испорачани на 16 воздухопловни компании.
Од владата на Индија во меѓувреме соопштија дека ја анализираат ситуација со регилаторите. Авионите „Boeing 737 Max 8“ се дел од флотилите на компаниите „Jet Airways“ и „SpiceJet“ кои немале коментари. TUI групацијата има 15 вакви авион, а соопшти дека е во близок контакт со производителите и дека не планираат да ги приземјат.
Портпаролот на компанијата „Flydubai“ изјавил за Reuters дека ја „следат ситуацијата“.
Воздухопловната компанија „Norwegian Airlines“ поседува 18 авиони „Boeing 737 Max 8“ кои главно летаат на релацијата Ирска – САД. Тие и натаму се во соообраќај. Директорот за летови изјавил дека ќе ги следат препораките на „Boeing“ и на воздухопловните регулаторите. Во понеделникот се најавени три лета на овие авиони, од кои еден на релацијата Лондон Гетвик – Хелсинки.
И сингапурски „SilkAir“ се во контакт со „Boeing“, а сите неговои летови со авионот „Boeing 737 Max 8“, вкупно шест, се одвиваат според однапред утврдениот распоред. Истото го навеле и од „Air Italy“.
Неколку северноемерикански воздухопловни компании, исто така ги користат авионите „Boeing 737 Max 8“. Тие порачаа дека ја следат истрагата. Компанијата „Southwest Airlines“ користи 34 вакви авиони. И тие се во контакт со „Боеинг“, а летовите се одвиваат според планираниот распоред. „American Airlines“ и „Air Canadа“ имаат во своите флотили по 24 вакви авиони.