Компаниите во Европската унија не можат да си дозволат раскинување на деловните врски со Кина, тврдеше во вторникот комесарот на Европската комисија за трговија Валдис Домбровскис, истакнувајќи ја, сепак, потребата од рамнотежа и за проширување на кругот деловни партнери.
„ЕУ би требало да ја продолжи соработката со Кина во духот на прагматизмот и без наивност. Нашиот трговски однос треба да има повеќе рамнотежа и реципроцитет“, изјави Домбровскис сугерирајќи дека фокусот, наместо на повлекување, треба да се насочи подобро управување со ризиците и на диверзификација.
Освен со Кина, се променил и односот на ЕУ со другиот важен трговски партнери, односно САД, истакна Домровскис.
„Трансатлантскиот односи повторно е зајакнат, но присутна е длабока загриженост“ поради американскиот закон за намалување на инфлацијата и предноста којашто им се дава на американските компании, тврдеше Домбровскис.
Овој закон, како што толкува еврокомесарот за трговија, предвидува „зелени субвенции“ коишто ги дискриминираат европските автомобилска и индустријата на обновливи извори на енергија, произведувачите на батерии и големи индустриски потрошувачи на енергијата.
„Ќе разговарам за тоа прашање со американските колеги кога утре ќе отпатувам во Вашингтон“, додаде Домбровскис.
Неодамна и Јужна Кореја изнесе забелешка на американскиот закон за клима, здравје и данок, во износ од 430 милијарди долари, истакнувајќи го прашањето за даночните олеснување за купување електрични автомобили, потсетува Reuters.