
Новиот стопански објект, инвестиција на компанијата „Белина“ вредна 600 илјади евра, синоќа беше пуштен во употреба во економската зона Марино-Кадино.
Објектот, во кој ќе бидат вработени 18 лица, располага со магацински и деловен простор на површина од 4.000 метри квадратни.
Објектот во употреба го пуштија градоначалникот Жика Стојановски и сопственикот на „Белина“ Љупче Николовски, по повод одбележувањето на Денот на општина Илинден-2 август.
Компанијата „Белина“, која се занимава со трговија на големо со алати, земјоделска механизација, железарија, авто козметика, бои, лакови, фасади, го одбележа и 20-годишниот јубилеј од своето постоење.