![formula 2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/formula-2.jpg?resize=300%2C168&ssl=1)
Со денешното ангажирање на Ленс Строл како вториот пилот во Форс Индија, комплетирана е листата на возчите во тимовите на Формула 1 за следната натпреварувачка сеозна.
Листа на дваесет возачи во десетте тимови во Формула 1, кои следната година ќе настапуваат на пистите ширум светот.
Мерцедес: Луис Хамилтон, Валтери Ботас;
Ферари: Себастијан Фетел, Шарл Леклер;
Ред Бул: Макс Верстапен, Пјер Гасли;
Мекларен: Карлос Сајнц Јуниор, Ландо Норис;
Рено: Даниел Рикардо, Нико Хулкенберг;
Заубер: Кими Раиконен, Антонио Џовинаци;
Хас: Ромен Грожан, Кевин Магнусен;
Форс Индија: Серхио Перез, Ленс Строл;
Торо Росо: Даниел Квјат, Александар Албон;
Вилијамс: Џорџ Расел, Роберт Кубица.
Советот на Меѓународниот автомобилистички сојуз (FIA) кон срединаа на октомври го потврди календарот за трките од Светското првенство за возачи во формула 1 во 2019 година на кој се наоѓаат 21 трка.
И натаму повеќето трки, вкупно единаесет, ќе се возат во Европа, а од преостанатите десет, пет ќе бидат во Азија, три во Северна Америка, и по една во Јужна Америка и во Австралија.
Сезоната ќе започна на 17-ти март со трката за големата награда на Австралија, а ќе заврши на 1-ви декмеври во Абу Даби.
КАЛЕНДАР НА ТРКИТЕ:
17 март: Австралија (Мелбурн)
31 март: Бахреин (Сахир)
14 април: Кина (Шангај)
28 април: Азербејџан (Баку)
12 мај: Шпанија (Барселона)
26 мај: Монако (Монте Карло)
9 јуни: Канада (Монтреал)
23 јуни: Франција (Ле Кастеје)
30 јуни: Австрија (Шпилберг)
14 јули: Обединетото Кралство (Силверстоун)
28 јули: Германија (Хокенхајм)
4 август: Унгарија (Будимпешта)
1 септември: Белгија (Спа Франкошамп)
8 септември: Италија (Монца)
22 септември: Сингапур
29 септември: Русија (Сочи)
13 октомври: Јапонија (Сузука)
27 октомври: Мексико (Сиудад де Мехико)
3 ноември: САД (Остин)
17 ноември: Бразил (Сао Паоло)
1 декември: Абу Даби (Јас Марина)