Комрадес „пробљем“, а?

Другарчето Стефан Богоев звани Богац почна да се извинува преку колумни. Хахахаххаха. Тие што можеа да му помогнат на мали Хитлерчиќ и другарот Ранковиќ го предупредуваа и му велеа – Пази имаат докази. Читајте подоле.

Од етички, морални и политички причини

За жал почина Александар Сашко „Мео“ Коцарев, еден од најголемите пробугарски симпатизери, а сепак голем Македонец патриот кој знаеше многу тајни и вистини поврзани со кодошките убавини на големците помеѓу новинарите, професорите по право, судиите, обвинителите и посебно политичарите кои ги создаде Доста Димовска, а се откажаа од големото „Б“ само за пари, и пари, и пари, и пари… Така ли е другар ЉуБчо и сите Вие со снимките со бугарското знаме, и буљаши клептомански? Честопати ми велеше: Вики те учам со години и ти никако да запамтиш дека помеѓу Вас како Македонци постојат кодоши кои се контролирани од Бугарите, ти ги кажувам со имиња и презимиња, тие се „Бугари по нарачка“, а ти си слеп при очи.

Но, дека не сум до толку слеп има докази благодарение на медиумите и се гледа и чита кој се’ е лидер на партија. Еве да ја земеме Моника Зајкова која вика дека е лидер на ЛДП. Прво да научи дека ЛДП е создадена 19 април 1997, а не 96-та, која е година кога основачите Андов и Гошев велат заедно имаме пратеници и градоначалници и 130.000 гласови. Да се споиме. Второ јас Виктор Грозданов бев претседател на младината на Либералите, па на Либерал-Демократите од 1995-2002 година, без престанок и најодговорно тврдам дека лицето Христијан Мицкоски никогаш не бил член на нашата партија и организација. Единствен негов контакт е со мојот наследник и голем другар Петар Теов, со кого има работено во иста канцеларија во „Фонко“. Затоа другарката Моника Зајкова да се сконцентрира на демократијата и да не го срами Емил Кирјас и да знае нема таква европска либерална демократија која е рамна на фашизам и ренесанса:

  1. Која ми дозволува да се претставувам во сите електронски медиуми само со пари од државата;
  2. Од билборди ми следуваат, со закон од следбениците на фашистите, само трошки да се рекламирам;
  3. Заедно со вујко и’ да ја пишуваат дека има дивоградби во национални паркови, а вујче да го пишуваат дека е одговорен за издавање пасоши на најокорели криминалци;
  4. Панче Тошковски е добар дечко, ама незгоден министер за внатрешни работи посебно кога станува збор за лични документи;

Затоа другарица Моника Зајкова е само едно безлично политичко памфлетче кое не разбира ама баш ништо.

Еден совет за нејзе. Емил Кирјас да се роди во три живота нема да има успех да создаде од тебе другарица Моника, ниту приближно 0,00001% од вечната шефица која ја има кажано легендарната: „Јас бев млада, а Вие бевте копиљаци, мочковци едни“. Вечната шефица е Ангелка Пеева Лауренчиќ.

Многу ги сакам Албанците зошто имаат една многу убава изрека „Ситуацион Критизуар“. Е, оваа нивна изрека се однесува на сите оние функционери кои ги споменувам кои во последниве седум години, кои пробаа да се прават попаметни од она што разбираат политика и мислеа дека се недопирливи. Станува збор за Стефан Богоев-Богац, Каја Шукова и Перо Костадинов-градоначалнико на Валандово.

Овие функционери од кои двајца потпрестедатели на СДСМ и едната Министер за „Екологија“ сосема оправдано не се најдоа на листите на оваа некогаш државотворна партија која лично ја злоупотребија и нанесоа финансиско и општествено зло на државата.

Сефан Богоев – Богац

Ова мало замислено функционерче проба и директно учествуваше во периодот 2017-2021 да им смести на неколкумина вработени од Општина Карпош дека учествувале во криминал со јавни набавки. За негова жал едниот од нив е вујко на моите деца. Кривичното дело е дека од 1.350 јавни набавки, правеле документација за да може наследниците да ја знаат постапката како архива, и во две фалеле документ со банкараска гаранција и еден документ со квалитет на материјал. Вистината е дека сите пријави беа поднесени од обвинител донесен од Штип, зошто ниеден од Скопје не беше доволно сељачиште да се срами за подметнати кривични дела од Стефан Богоев-Богац како организатор за линч на недолжни вработени кои денес исполнуваат високи функции и нивните работодавачи им веруваат 100%.

Ова мало функционерче кое мисли дека со колумна дека се извинува и може да се спаси од понатамошен прогон за документи кои ги поседуваат релевантни „правосудски инфлуенсери“ да му кажам да почне да си ја пее: „СМОКОТ СЕ МОТА ОКОЛУ ТВОЈТА СЛИВА, КОПУК“.

Знам дека ќе прати медијатори. Џабе му е. Веќе им е соопштено да не се мешаат.

Што имаме во рацете? Ние си знаеме.

Каја Шукова и Петар Костадинов

Каја спречи директна инвестиција од 423 милиони евра во Струмица за една година и импакт од 5 милијарди евра преку рудникот„Иловица“ во наредниот период, и ја доведе Македонија да биде недоверлив НАТО партнер, а Перо е одговорен што ќе платиме првична казна за рудникот„Казандол“ од 400 милиони евра. Овие лица јавно повикувам во наредниот период во коректен судски процес да признаат и да одговараат дека нанеле финансиско зло од 6 милијарди евра и дека поттикнале и други да спречат инвестиции во рударскиот и хидроенергетскиот систем вреден дополнителни 25 милијарди евра, на име мораме да мислиме на „Екологијата и Земјоделието“. ИЗМАМНИЦИ.

Овие ИЗМАМНИЦИ за жал покажаа дека се индиректни руски играчи. ЗОШТО?  Сите инвеститори се од САД и КОМОНВЕЛТ (БРИТАНСКАТА ИМПЕРИЈА).

Наместо наменска Воена индустрија која би продавала муниција по НАТО стандарди и НАТО Воена Болница каде би се лечеле сите наши припадници на МВР, АРМ итн и нивните фамилии, НИЕ си ги имаме Каја и Перо кои дневно викаат НАТО, ама по дома најверојатно си викаат алал вера на Владимир Путин.

Срам Ве било.

Некорумпиран Колумнист Виктор Грозданов!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес