Здружението за односи со јавност на Србија (ДСОЈ) ја организира шестата меѓународна конференција под наслов „Комуникација на (с)цена“, која ќе се одржина 7. и 8. ноември во „Звездара Театар“ во Белград. Целта на годинешната конференција „ПРилика“ е да понуди одговори на актуелните прашања – како струката успешно да се соочи со промените и како да фати чекор со трендовите.
„Успешните компании водат сметка за комуникациите и тоа без исклучок, посебно докажувајќи ја стратешката важност на односите со јавноста. „ПРилика“е меѓународна конференција која секоја година ги собира токму таквите организации, кои применуваат највисоки стандарди во комуникациите и тежнеат кон постојан деловен развој. Задачата на Програмскиот одбор на „ПРилика“ од година во година е сѐ потешка, затоа што нашите стручњаци за односи со јавноста се сѐ подобри, а нивните стандарди сѐ високи. Затоа, со гордост можам да кажам дека учеството на најавените предавачи е исклучителен успех. Мислам дака обезбедивме квалитетна прилика за дијалог и истражување на очекувањата, трендовите и предизвиците со кои во наредниот период ќе бидат преокупирани ПРофесионалците од различни индустрии “, рече Тамара Бекчиќ, координатор на Програмскиот одбор на конференцијата „ПРилика“2014.