Епидемиолошките заштитни мерки се целосно урнати во Белград и секој што ќе го сретнете можно е да е носител на коронавирусот, а да не е свесен за тоа порача Предраг Кон, членот на Кризниот штаб во Србија за борбата со пандемијата од ширењето на коронавирусот. Резултатите од новите епидемиолошки мерки за да се запре неконтролираното ширење на вирусот можат да се очекуваат од седум до 10 дена.
Поради ваквата поразителна слика, Кон препорачува граѓаните задолжително да носат маски сите.
-На отворен простор тоа подразбира да ставите маска кога ќе дојдете во близина од еден и половина метар со други лица -вели Кон.
Според српскиот епидемиолог новите мерки кои се на сила го забавиле заболувањето на луѓето од коронавирусот, но дека тоа сега не може да се воочи преку бројките, посебно во Белград. Тој смета дека за тоа е потребно време. Маските од денеска се задолжителни на целата територија во Србија во затворен и отворен простор.
И покрај лошата ситуација Кризниот штаб не разгледувал опции со ограничувања на движењата за граѓаните и воведување на полициски час, но таа дополнителна непопуларна мерка не е целосно исклучена и ќе биде неопходна доколку ситуацијата продолжи да се влшува.
За Кон е направена „историска грешка“ со укинувањето на вонредната состојба што придонело да завладее уверување кај луѓето дека епидемијата е победена.