Српскиот епидемиолог Предраг Кон вели дека ситуацијата со коронавирусот во земјата се влошува, а дека во Белград е веќе заканувачка.
„Се тестираат се повеќе луѓе. Има заболени во студенските домови, а последниот податок е дека 91 се позитивни, веројатно и тоа се менува“, вели Кон, кој е член на српскиот кризен штаб.
Кон наведе и дека повеќето од заразените не знаеле каде се заразиле.
„Не се гледаат знаци дека ќе има брзо подобрување“, рече епидемиологот и додаде дека пред нив се случувања во кои може да дојде до влошување на инфекцијата, приемните испити на факултетите, матурски и свадби.
Тој како место за интензивно ширење на заразата ги наведе ноќните клубови, па вели дека се размислува за прекин на работата на овие локали.
„Подобро тие мерки што поскоро да се донесат отколку да се чека да се влоши ситуацијата“, вели Кон.