Познатата српска и балканска пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ најави голем концерт за празникот Илинден во Охрид. Нејзиниот концерт е дел од големата балканска турнеја.
Планирано е концертот да се одржи на охридскиот стадион „Билјанини извори“. Од ова јавно претпријатие за охридските медиуми велат дека до денеска немаат добиена информација за закуп на објектот, иако се информирани дека има заинтересиранот од страна на познатата балканска пејачка.