Концертот на пијанистката Дуња Иванова снимен на зелениот покрив на ГТЦ Скопје, без публика во услови на вонредна состојба, денеска во 16:15 часот ќе биде премиерно емитуван на ТВ 24.
На програмата се дела од композитори минималисти меѓу кои Макс Рихтер, Лудовико Еинауди, Давид Федел и Јан Тирсен.
Концертот претставува дел од годишната програма за култура на Град Скопје за 2020 година.