Mузејот на македонската борба e домаќин на концертот на етно-групата Езерки & 7/8. Концертот ќе се одржи во среда, 11.6.2014г., со почеток во 19.00 часот, а поводот е одбележување на дваесет години од формирањето на Хрватско-македонското друштво од Загреб.
Концертот се реализира со помош на Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за
надворешни работи на Република Хрватска, Поглаварството на град Загреб и други. Езерки & 7/8 е хрватски етно-состав кој постои на сцената повеќе од 15 години. Се инспирираат од македонската етно музика, а зад себе имаат реализирано неколку албуми и многу концертни настапи.