Концерт на Музичка младина на Македонија во живо и на интернет

Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија денеска ќе одржи концерт во кој ќе црквата Св.Софија со почеток од 21:00 часот, под диригентство на Елена Митревска, а во рамките на фестивалот Охридско лето.

Концертот ќе може да се следи во живо на веб страната на Охридско лето, www.ohridskoleto.com.mk.

Сите љубители на музичката уметност,  кои нема да се во можност да  присуствуваат во акустичната црква , ќе може да уживаат преку преносот на  интернет. Лајв стримингот е новина која се практикува на сите светски фестивали, а Охридско лето ја воведе ваквата практика на веб стриминг од пред неколку години.

Преносите во живо, на  повеќе настани од уметничката програма во текот на едно фестивалско издание,  веќе станаа традиција на фестивалот, велат од Дирекцијата на фестивалот.

Видео преносот на интернет ќе започне од 20 часот, час пред започнување на концертот.

Со „Кармина Бурана“ овогодинешното „Охридско лето“

Педесет и петото издание на фестивалот Охридско лето оваа година беше отворено со Со изведба на сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, на ансамблот Ла фура делс Баус од Шпанија, под диригентската палка на Хозеп Висент, а во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија.

 

 

Охридско лето и понатаму отанува најголем туристички настан. На фестивалот настаија огромен број светски имиња, а истиот е финансиски поддржан од Министерството за култура и од општина Охрид.