Во „Јавна соба“ во Скопје вечер концерт ќе одржат светските изведувачи Сара Харалсон, Барни Есвил и Ендрју Клугер.
Проектот е наречен „Здраво пријателе“ и има за цел да ја претстави кантри музиката во сите нејзини аспекти и варијации – класична и современа, во нејзината американска и европска верзија.
Концертната програма ќе биде изведена само еднаш во еден град од секоја од земјите опфатени со нивната источноевропска турнеја.
Заедничкиот проект на Сара и Барни содржи мешавина од кантри хитови, песни од новообјавениот албум на Сара Харалсон и оригинални песни од Барни Есвил. Дуото ќе изведе и песни кои ги прославија низ светот.
На концертите ќе има и уште еден музичар од исклучителна класа, Ендрју Куглер од Нешвил, тапанар во бендот US Navy.