Започна одбројувањето на последните денови до големиот концерт на Северина, кој ќе се случи на 30 март во „Арена Борис Трајковски“
Сѐ е подготвено за овој спектакл, а непосредно пред нејзиното доаѓање тука во Скопје, хрватската пејачка објави видео на социјалните мрежи присетувајќи се на еден нејзин настап на „Златна бубамара“ од далечната 2014-та година, каде што на сцената настапи заедно со легендарниот Влатко Стефановски.
Северина го објави видеото, а под истото напиша:
„Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце. Првенствено од луѓето, храната, посебните концерти, големите светски уметници, како што е Влатко Стефановски. Ти благодарам Македонија и се гледаме во Скопје на 30 март во „Арена Борис Трајковски“, ќе биде тоа концерт за душа“.
Концерт за душа кој никако не смеете да го пропуштите. Концертот е речиси распродаден, останати се уште многу мал број на влезници. Затоа побрзајте и веднаш обезбедете ја вашата. Истото може да го направите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и Јк травел во Бисер.
View this post on Instagram