Концерт во изолација на Дино Имери

Реномираниот македонски пијанист Дино Имери утре во Музејот на македонската борба ќе одржи концерт насловен „Концерт во изолација“.

Концертот ќе се одвива во салата на музејот, а публиката ќе може да го проследи преку фејсбук профилот на Музејот. Имери ќе изведе дела од Бетовен, Брамс, Дебиси, Рахмањинов и друго.

Имери (1990) еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал со огромен успех со Стразбуршката филхармонија, Софиската филхармонија, Македонската филхармонија, Симфонискиот и Камерен оркестар на ФМУ, Националната Опера и Балет,  Камерниот оркестар на Музичката Младина на Македонија.  Рецитално настапувал на престижни сцени низ Европа меѓу кои „Ватрослав Лисински“ -Загреб, Палата „Естерхази“ и „Лист-Центрум“ во Австрија, „Пијано Плаж Фестивал“ во Франција, фестивалот Охридско Лето, Скопско Лето, Интерфест – Битола и др.

Добитник е на голем број награди и признанија, а бележи и бројни домашни и меѓународни дискографски изданија.Од декември 2018 година се стекнува со звање доцент и предава повеќе предмети на Факултетот за музичка уметност во Скопје