Концертите на Тејлор Свифт во Сиетл предизвикаа сеизмичка активност

Концертите на Тејлор Свифт во американскиот град Сиетл предизвикаа сеизмичка активност еднаква на земјотрес со јачина од 2,3 степени, изјави сеизмолог од Универзитетот во Вашингтон.

Податоците за сеизмолошката активност биле регистрирани на концертите на Тејлор Свифт во „Lumen Field“ на 22-ри и 23-ти јули, како дел од нејзината распродадена турнеја „Eras“. Сеизмологот Џеки Каплан-Оербах изјави дека сеизмичката активност била предизвикана од обожаваателите или од звучниот систем.

Со тоа е соборен претходниот таков рекорд во Сиетл во 2011 година, познат како „Beast Quake“, кој беше предизвикан од навивачите на Сиетл Сихокс кои го славеа тачдаунот на Маршаун Линд на натпревар во американски фудбал против Њу Орлеанс Сејнтс.

Каплан-Оербах, професорка по геологија на Универзитетот Западен Вашингтон, изјави за CNN дека разликата помеѓу НФЛ-натпреварот и неодамнешните концерти на Тејлор Свифт е само 0,3 степени според Рихтеровата скала, но „тресењето беше двојно посилно“.

„Ги извадив податоците од двете вечери на концертоите и брзо забележав дека сигналите беа очигледно“, рече таа.

Концертите во Сиетл се одржаа пред вкупно 144.000 фанови во текот на две вечери.

„Навистина имав еден од моите омилени викенди во Сиетл. Ви благодарам на сите што навивавте, врескавте, скокавте, танцувате и пеевте на цел глас“, напиша Свифт на Instagram.

Одамна е познато дека концертите предизвикуваат сеизмичка активност, познат пример е концертот на Foo Fighters во Нов Зеланд во 2011 година.