
Победничката во 2014 година на натпреварот за песна на Евровизијата, австриската пејачка Кончита Вурст е заразена со ХИВ, објави таа самата на Instagram во неделата, велејќи дека е присилена да излезе во јавноста со оваа информации поради заканите од поранешното момче.
„ХИВ позитивна сум долги години. Тоа е всушност ирелевантно за јавноста, но поранешното момче ми се заканува дека ќе ја објави оваа лична информација, а јас никогаш нема да му дадам право да ме заплашува или да влијае на мојот живот поради тоа“, напиша Вурст.
Вели дека се лекува откако ја дознала дијагнозата и дека веќе со години количеството од вирусот е под нивото коешто може да се детектира, па оттаму не е заразна.
„Се надевам дека и другите ќе ги охрабрам и дека ова ќе биде уште еден чекор против стигматизацијата на луѓето кои поради своето однесува или однесувањето на другите заразени со ХИВ“, напиша Вурст, која е родена како Томас Нојвирт.