Кондом ја менува бојата во зависност од половата болест

Кондом ја менува бојата во зависност од половата болест

Муаз Наваз, Данаил Али и Чираг Шах од Велика Британија имаат по само 14 години, а измислиле револуционерни кондоми кои би можеле да ја сменат перспективата на сексот. Тие ја менуваат бојата ако за време на сексуалниот чин наидат на полова болст, а боите се различни во зависност од тоа за која болест станува збор.

Кондомот е преслечен со посебен слој на молекули, а тие во зависност од типот, се врзуваат со бактерии или вируси и ја активираат бојата.

Кондомите ги нарекоа S.T.E.Y.E, а за овој пронајдок ја добија наградата Teen Tech, наменета за изум на деца од 11 до 16 години, пишува „Дејли Мејл“.

На овој начин ги алармира партнерите:

Зелена – кламидија

Жолта – херпес

Виолетова – ХПВ

Сина – сифилис

– Ние го создадовме S.T.E.Y.E како нов начин за откривање на сексуални преносливи болести за идните генерации. Ние сакавме нешто што посигурно ќе ги открива штетните сексуално преносливите болести. Сакавме луѓето многу брзо нешто да преземат во приватноста на сопствени домови без инвазивни постапки кај лекарот, рече Али.