Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека во петок, 13.06.2014 година, без електрична енергија ќе бидат дел од населените места Шутка, Сарај и Кондово.
Улиците Волт Дизни и Диме Мечето, во општина Шуто Оризари без електрична енергија ќе бидат во периодот од 9 до 15 часот. Во истиот период без струја ќе бидат жителите на Кучевиште, како и на улиците 1, 2, 3, 4 и 5 во селото Грчец.
Жителите на Кондово без електрично напојување ќр бидат во периодот од 8:30 до 15:30 часот.
Од ЕВН информираат дека жителите нема да имаат напојување со струја поради технички зафати на електро-системот.