Конечните резултати во Северна Каролина дури на 12-ти ноември

Северна Каролина, сојузната држава која му е неопходна на американскиот републикански претседател Доналд Трамп за да ги задржи шансите за победа на претседателските избори, нема да ги ажурира своите резултати од гласањето на 3-ти ноември сѐ до 12-ти ноември, пренесе телевизиската мрежа NBC News.

Северна Каролина, во којашто Трамп според податоците на американските медиуми во моментов има водство од 50,1 отсто наспроти 48,7 отсто за демократскиот кандидат Џо Бајден, своите резултатити нема да ги ажурира до 12-ти ноември со „многу малку исклучоци“, објави изборната комисија на оваа сојузна држава.

Во Северна Каролина во моментов се преброени 95 отсто од гласовите, а без победа во оваа сојузна држава, Трамп ќе ги загуби шансите да остане американски претседател.

Тамошните функционери објавија дека моменталниот резултат главно ќе остане непроменет следните осум дена, бдејќи повеќето локални изборни комисии нема да ги пребројуваат предвремените гласови до одржувањето на претходно договорените состаноци.

Според процената на NBC во Северна Кореја треба да се пребројат уште 300.000 гласови, а тамошниот исход би моќел да влиаје и врз конечното мнозинство во Сенатот.

Во оваа трка води републиканецот Том Тилс со 48,7 отсто во донос на демократот Кал Канингем со 46,9 отсто.