Конечно конвојот со хуманитарна помош влезе во Појасот Газа

Граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет е конечно отоворен, а првите камиони помош за Појасот веќе се напад до кризниот регион. По речиси една недела 20 камиони натоварени главно со вода, лекови и медицински материјал, го поминаа граничниот премин Рафа што е најавено како почеток на хуманитарната помош за појасот Газа. Во исто време со поминувањето на неколкуте камиони со хуманитарна помош кон газа, од таму излегле 36 камиони кон Египет каде треба да бидат натоварени со дополнителна помош а според извори од египетската црвена полумесечина пред граничниот премин рафа чекаат и 170 натоварени камиони со хуманитарна помош но никој не знае до кога ќе биде дозволено од Израел да биде отворен овој граничен премин помеѓу појасот Газа и Египет. Во отварањето на границата посредувал американскиот претседател Џо Бајден откако Израл целосно го затвори појасот газа по нападот на хамас од пред две недели.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш вчера го посети граничниот премин Рафах, инсистирајќи на што побрз влез на камионите со хуманитарна помош. Два милиони луѓе во Појасот Газа се во страдања, зашто немаат вода, храна и лекови.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави отворањето на граничниот премин од Египет кон Газа, за камиони со хуманитарна помош за палестинската енклава и изјави дека тоа ќе биде „важен прв чекор што ќе го олесни страдањето на невините луѓе“.

И германскиот канцелар Олаф Шолц го поздрави почетокот на испораката на помош кој нагласи дека е многу важно првата хуманитарна помош сега да стигне до жителите на Газа.

Израел воведе „тотална опсада“ на палестинската територија по терористичкиот напад на милитантите на Хамас на 7 октомври, отсекувајќи го густо населениот крајбрежен појас од храна, гориво, лекови, вода , предизвикувајќи страв од хуманитарна катастрофа.

Хамас соопшти дека пуштил две заложнички, мајка и ќерка, американски државјанки од хуманитарни причини со кои веќе телефонски разговгарал американскиот претседател Џо Бајден. Во објавата на Хамас се додава дека 200 луѓе се во заложништво на групата и уште 50 на други вооружени групи во енклавата, а во исто време во израелски Телавив е поставена маса со 200 столчиња во надеш дека ќе се ослободат заложниците.