Богато украсен пехар, изложен во црквата Сан Исидро, во северозападна Шпанија, е „светиот грал“, чашата од која, според легендата, пиел Исус за време на Тајната вечера, тврдат двајца шпански историчари.
Оваа базилика чува пехар од средината на 11 век, за кој од 4 и 5 век во христијанските заедници на Ерусалим се сметало дека е пехарот на Тајната вечера, а кој подоцна ќе стане мит, изјавила Маргарита Торез, професорка на средновековна историја на Универзитетот во Леон.
Украсен со оникс, злато и скапоцени камења, пехарот досега бил познат како чаша на Урака, ќерка на фердинанд Први, крал на Леон од 1037 до 1065 година.
Меѓутоа, по откритието во 2011 година на два египетски пергаменти во библиотеката на Универзитетот А—Азхар во Каиро, Торез и нејзиниот колега, Хозе Мигел Ортега дел Рио, дошле до заклучок дека пехарот на шпанската принцеза е навистина Исусовиот пехар.
Всушност, само горниот дел од пехарот претставува реликвија која седум векови се наоѓа во храмот на Исус во Ерусалим, за потоа да биде подарена на Фердинанд Први, еден од најмоќните шпански суверени во тоа време.
Кралот Фердинанд чашата ја подарил на едно од муслиманските кралствата на шпанското тло, при склучување на меѓусебен мир.
Откако двата историчари минатата недела ја претставиле својата книга „Кралеви на гралот“, голем број посетители понале да го посетуваат музејот на базиликата Сан Исидро, па надлежните мораледа го тргнат пехарот на посигурно место.
Кустосите сега се обидуваат да му најдат соодветен изложбен простор.
Само во Европа постојат повеќе од 200 пехари за кои се тврди декка се Светиот грал.