
Организаторите на музичкото натпреварување Евровизија, соопштија дека е донесена конечна одлука, според која следната година Евровизијата ќе се одржи во Тел Авив, наместо во Ерусалим.
Владата на Израел првобитно имаше желба натпреварувањето да се одржи во Ерусалим, но после контроверзното американско признание на Ерусалим како престолнина на Израел, владата се откажа од тоа.
Организаторите на Евровизијата соопштија дека го одбрале Тел Авив, културната и комерцијална престолнина на Израел, поради „креативните и убедливи“ понуди на тој град, пренесуваат тамошните медиуми.
Израел на овогодинешното натпреварување победи со поп песната „Toy“, која ја отпеа до тогаш непознатата пејачка Нета Барзилај.
Токму со овој триумф, Израел доби право да биде организатор на следната Евровизија.