Конференциска лига: Минаа Рома, Славија и Феенорд

AS Roma's Chris Smalling (3-R) heads the ball during the UEFA Conference League round of 16 second leg soccer match between AS Roma and Vitesse Arnehm at Olimpico stadium in Rome, Italy, 17 March 2022. ANSA/ETTORE FERRARI

По Марсеј, ПСВ Ајндховен и Лестер Сити, пласман во четвртфиналето на Конференциската лига изборија и Рома, прашка Славија, Феенорд, ПАОК и Бодо/Глимт.

Римската „Волчица“ одигра 1:1 против Витезе израмнувајќи во судиското продолжение на мечот откако првиот меч го доби со 1:0. Првата голема шанска ја имаше Рома во 25 минута, Жордан Верету, шутираше од работ на шеснаесетникот но покрај голот. Десет минути подоцна шутираше и Николо Заниоло, но одбранбен играч со лизгачки стар го блокираше шутот. Холандскиот тим поведе во 62 минута преку Максимилијан Витек, а кога се чинеше дека двомечот ќе биде решен во продолженијата, Таму Абрахам израмни во судиското продолжување.

Грчки ПАОК со две победи против Гент избори продолжување во натпреварувањето. По првиот меч беше 1:0, а во реваншот 2:1. Гостиет поведоа во 20 минута со голот на Жозе Креспо, израмни Лорен Депоатр во 40 минти, а Даглас Агосто му ја донесе победата на ПАОК.

ЛАСК пред своите навивачи ја победи Славија од Прага со 4:3, бно во првиот меч загуби со 1:4. Чесите реваншот го завршија со два играча помалку, но успаја да ја одбранат предноста од првиот меч.

Во претходно одиграните натпревари пласман во четвртфиналето изборија Олимпик Марсеј, ПСВ Ајндховен и Лестер Сити.

Откако во првиот меч славеше со 2:1, Марсеј и во реваншот со идентичен резултат го порази Базел. Гостите веќе во 5 минута имаше одлична шанса, Седрик Бакамбу излезе само пред противничкиот голман, но Хајнц Линднер одлично реагираше и спречи погодок. Линднер одлично реагираше и во 10 минтуа кога го запре шутот на Пепе Гвеје. Австрискиот голман квалитетите ги покажа и во 35 минтуа кога го одбрани пеналот што го изведе Анин Харит. Во продолжението Базел поведе со голот на Дан Ндоје, но Марсеј сепак направи пресврт. Ундер израмни во 74 минута, а победата за францускиот тим ја донесе Валентен Ронгие во судиското продолжение.

Рен го победи Лестер Сити со 2:1, но тоа не беше доволно бидејќи англискиот тим во првиот меч славеше со 2:0. Домашните поведоа уште во 8 минута со голот на Бенжамин Бурдигео по асистенција на Мартен Териер. Лестер можеше да израмни во 16 минута, кога Харви Барнес шутираше но Доган Алемдар одбрани. Во 21 минута шанса имаше и Ловро Мајер но неговиот удар беше блокирн. Весли Фофана во 51 минута израмни, а Французите во 76 минута преку Флавиен Таита стасаа до нова предност. До крајот на мечот Ренс одеше на уште еден погодок и продолженија, но не успеа.

ПСВ Анјдховен и Копенхаген во првиот дуел одиграа 4:4, но холандскиот тим во реваншот во данската престолнина беше убедлив со 4:0. Еран Зајави ги доведе гостите во водство во 10 минтуа по лошата реакција на домашнито голман Карл-Јохан Јохансон. Марио Гетце одлично го вработи Захави кој шутираше а топката под Јохансон се провелече во голот. Во 35 минута беше 2:0 а голот го постигна Геце, а Захави во 79 минута зголеми на 3:0, додека конечните 4:0 ги постави Мадуеке во судиското продолжение.