Македонскиот претставник во Конференциската лига Шкупи го заврши настапот во европските купови, откако вечерва загуби на гостувањето во Софија кај Левски со 0:1 и со вкупен резултат од 0:3 е елиминиран во второто квалификациско коло.
Шкупи допатува на реваншот на стадионот „Георги Аспарухов“ со тешка задача да ја анулира негатива од 0: од минатиот четврток во Скопје. Македонскиот тим имаше свои шанси на реваншот кои не успеа да ги искористи, а казната за тоа дојде во 11 минута од судиското продолжение кога 19-годишниот Марин Петков со одличен удар од далечина му донесе триумф на Левски.
Своите најзрели шанси за погодок Шкупи ги пропушти во финишот на натпреварот кога домашниот голман Андреев во два наврата со фантастични одбрани ги скроти ударите на Реналдо Цефас.
По елиминацијата претходно на Македонија Ѓорче Петров и на Шкендија, единствен македонски претставник во Конференциската лига остана актуелниот шампион Струга ТЛМ, чиј противник во третото квалификациско коло ќе биде Свифт Хеспер од Луксембург.