Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан ескалираше со размена на оган од тешки артилерии и ракетни беспилотни летала, објави АП.
Во најлошиот артилериски конфликт во последните неколку години загинале 16 лица, меѓу кои и двајца високи офицери на азербејџанската армија.
Конфликтот на чувствителната ерменско-азербејџанска граница избувна во неделата, а во билансот на тридневните конфликти се 11 убиени војници и еден цивил од азербејџанска страна и 4 ерменски борци.
Конфликтот меѓу двете држави околу подрачјето под контрола на Ерменија, Нагорно Карабах во Азербејџан, трае од 1994 година, пренесуваат медиумите ширум светот.
Официјален Ереван го обвини Азербејџан за извршен компјутерски напад на веб-страниците на ерменската влада и предупреди дека владата во Баку ќе сноси одговорност за тоа, со „непредвидливи последици“.
Турција изрази силна поддршка за Азербејџан, со кој има длабоки етнички и културни корени, додека Русија и САД, кои се копретседавачи на Минск групата на ОБСЕ, се обидоа да посредуваат во договорот за нагорно-карабахскиот конфликт и ја осудија ескалацијата на насилството.
Претставникот на Кремљ, Дмитриј Песков, изрази сериозна загриженост за конфликтот меѓу двете земји, а претставникот на генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, повика на итен прекин на огнот и деескалација на конфликтот.