Конгресменот Нунез ќе тужи медиуми за клевета за негова средба со поранешниот обвинител на Украина

Водечкиот републиканец во специјалниот Комитет за разузнавање на Претставничкиот дом на Конргесот на САД, Девин Нунез од сојузната држава Калифорнија, изјави во неделата за телевизијата Fox News има намера да ги тужи телевизијата CNN и информативниот портал The Daily Beast поради информацијата дека тој во Виена се сретнал со поранешниот државен обвинител на Украина Виктор Шокин.

Претходно CNN и The Daily Beast ја цитираа изјавата на адвокатот Џозеф Бонди, кој ги застапува интересите на американскиот претприемач Лев Парнас. Вториот имено тврди дека по инструкции на поранешниот њујоршки градоначланик Рудолф Џулијани, кој сега е личен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, барал од украинските власти да објават дека започнуваат истрага против поранешниот американски потпретседател Џозеф Бајден и неговиот син Даглас Бајден. Спроед Бонди, Нунез учествувал во потрагата по компромитирачки материјали за Бајден и за таа цел наводно се сретнал со Шокин во Виена во декември 2018 година.

„Ништо од тоа не одговара на вистината“, рече Нунез и истакна дека искажаните тврдења се „клеветнички“. Според конгресменот, појавувањето на овие објави се должи на фактот што републиканците во Комитетот за разузнавачки служби успеале да ги „осудат демократите за корпуција“.

Нунез нагласуи дека има намера „наскоро да пондесе тужба против CNN и The Daily Beast, веројатно во федерален суд“. Според него, против двата медиума може да бидат подигнати обвиненија кои се однесуваат на кривични дела.

Нунез потсети дека обвинителството на Јужниот округ на Њијорк во октомври годианва поднесе обвиненија против Парнас и уште неколку лица за прекршување на лобистичките активности. Парнас е осомничен дека се обидел да издејствува оставка од Мари Јованович од должноста американски амбасадор во Киев во интерес на извесен украински функционер.

„Неприфатливо е да се соработува со лица обвинето за кршење на федералното кривично право, да се шират наводи во медиумите кои оцрнуваат член на Конгресот“, истакна Нунез.

Руди Џулијани се ангажирал да ги убеди властите во Украина да спроведат две истраги од кои републиканскиот претседател би можел потенцијално да има полза. Џулијани се обидел од издејствува истрага за Џо Бајден, поранешен потпретседател и веројатен демократски провикандидат на Трамп следната година, и неговиот син Хантер Бајден кои работел во украинската енергетска компанија „Bursima“ кој бил истражуван за корупција.

Фокусот на истрагата за отповикување на републиканскиот претседател која ја започнаа демократите е телефонскиот разговор од 25-ти јули меѓу Трамп и украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој беше избран во мај, да ги отвори истрагите за улогата на Џо Бајден во смената на тогашниот украински јавен обвинител кој го истражувал Хантер Бајден кој од украинската фирма земал месечно 50.000 долари иако ниту бил стручен за Украина, ниту за енергетските прашања.