Конгресот бара документи од синовите на Трамп и WikiLeaks

Комитетот за правосудство на американскиот Конгрес, кој го водат пратеници на Демократската партија, испратил во понеделникот до 81 лице, владини агенции и други организации, барање за доставување документи во рамките на истргата за можна злоупотреба на овластувањата од претседателот Доналд Трамп, додека Републиканската партија критикува дека станува збор за политички потег во насока на претседателските избори следната 2020 година.

Комитетот кој го контролираат демократите ги испратил барањата до членови на семејството на републиканскиот претседател, на поранешни и сегашни вработени, членови на републиканската претседателска кампања и поранешни советници во Белата куќа, како и на Федералното биро за истраги (FBI), на персоналот на Белата куќа и до разобличувачкиот ресурс WikiLeaks.

Меѓу личностите на кои им е упатено барањето се синовите на претседателот Доналд Трамп помладиот и Ерик Трамп, зетот и советник Џаред Кушнер, финасискиот директор на Фондацијата Трамп, Ален Вејселберг, поранешниот министер за правосудство Џеф Сешнс и поранешниот советник во Белата куќа, Дон Мекгахн.

„Видовме каква штета на нашите демократски институции во последните две години им нанесе тоа што Конгресот не сакаше да изврши одговорен надзор. Конгресот мора да биде брана од злоупотребата на овластувањата“, наведе во писмената изјава за медиумите Џеролд Недлер кој претседател на споменатиот комитет стана откако демократите го преземаа мнозинството во Претставничкиот дом на изборите во ноември 2018 година, но републиканците го зголемија своето во Сентатот.

Републиканците во Конгресот ги обвинија демократите дека работат на план за можно отповикување на претседателот Трамп, како и дека спроведуваат политички стратегии со цел да ја освојат Белата куќа на изборите за Белата куќа на изборите во ноември 2020 година.

Адвокатот на конгресниот комитет изјавил за новинарите дека целта на оваа мерка е да се соберат докази коишто треба да ја насочат истрагата и да помогнат да се донесе одлука кои сведоци да бидат повикани. Комитетот е подготвен да поднесе и судски налог доколку е потребно, истакнал.

Една од целите на комитетот е да утврди дали Трамп ги злоупотребил овластувањата така што ги сменил своите противници и политички непријатели во министерството за правосудство, како што е и поранешниот директор на FBI, Џејмс Коми, така што понудил проштевање или влијаел врз сведоци.

На Коми Трамп и републиканците му забележуваа што ја затвори истрагата за злоупотребата на поранешната државна секретарка и демократската претседалска кандидатка во 2016-та Хилари Клинтон со користење на приватен сервер и приватна електронска адреса за доверливата дипломатска преписка што е спротивно на законот. Во моментот кога беше сменет, Коми ја водеше истрагата за можно влијание и договор со штабот на Трамп од страна на Русија на претседателските избори. Таа истрага подоцна ја презема специјалниот обвинител Роберт Мјулер кој следните седмици треба да ја заврши истрага и да го предаде извештајот на државниот обвинител Вилијам Бар.