Американскиот Конгрес подоцна во средата, како што се очекува, би требало да го прифатио планот за економско заздравување на САД во износ од 1.900 милијарди долари, најавен како приорите на почетокот од мандатот на претседателот Џо Бајден и се очекува дека тоа ќе гио поттикне растот на американската економија.
Бајден истакна дека овие мерки им се „очајно потребни“ на САД за излегување од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, и вети дека неговиот „сеопфатен американски план за спасување“ ќе го потпише штом ќе го прифати Конгресот.
„Направивме голем чекор за да им помогнеме на Амриканците“, изјави Бајден во саботата по гласањето за овој план за помош во Сенатот.
Меѓутоа, на овој план жестоко се противат републиканските конгресмени, осудувајќи го како мерки на „крајната левица“ кои одат многу подалеку отколку што е справувањето со криза од пандемијата. Сепак, демократите на Бајден, кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом, се убедени дека планот ќе биде прифатен на гласањето предвидено за средата.
„Ова е извонреден, историски закон кој ќе поттикне темелна реформа и ќе овозможи многу да се зајакне борбата со вирусот и да се одговори на нашата економска криза“, истакна претседатлката на Претставничкиот дом, Нензи Пелоси од Демократската партија.
Американската економија минатата 2020 година забележа пад за 3,5 отсто, што ја прави најлошата година по Втората светска војна.
Аналитичарите преоценуваат дека „американскиот план за спас“ на стопанството ќе го поттикне растот. Белата куќа смета дека овој „историски“ закон годинава ќе создаде „над 7 милиони работини места, ќе овозможи подобра достапност на медицинските ислуги и ќе спаси многу животи“ благодарејќи на вложувањата во кампањата за вакцинирање на населението.
Планот вклучува директна помош во износ од 1.400 долари по лице и по дете за милиони Американци и до септеври го продолжува вонредниот надомест за невработенните кој треба да истече на 14-ти март.
Ова е третиот план кој го носи американскиот Конгрес од почетокот на пандемијата пред една година. Првиот во износ од дури 2.200 милијарди долари беше одобрен со поддршката на релубликанците и со мало противење на демокртите, а тогашниот претседател Доналд Трамп го потпиша во март 2020 година.