Конгресот ги сослушува челниците на технолошките гиганти, Трамп се закани со мерки

Челниците на четирите најголеми американски технолошки компани, Џеф Безос на Amazon, Марк Цукерберг на Facebook, Тим Кук на Apple и Суднар Пичаи на Google односно Alphabet, во средата од далечина сведочеа во Конгресот за доминацита на нивните компании на пазарот, а непосредно потоа американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе презема самостојно мерки со претседателски извршен указ доколку тоа не го стори Конгресот.

Поткомитетот за антимонополска политика про Комитетот за правда на Претставничкиот дом на Конгресот во средата го започна сослушувањето во рамјите на антимонополската истрага, во која зборуваат челниците на американските компании Amazon, Apple, Facebook и Google.

Конгресмените ги испитуваа споменатите четворица претприемачи дали нивните компании се предоминантни на пазарот. Како што пишуваат светските медиуми веројатно станува збор за „најголемите моќ и богатство“ некогаш собрани на исто место во истов време.

Едно од прашањата кои ги интересираат конгресмените е нивото до кое овие трите технолошки гиганта го корнтолираат пазарот за онлајн огласување. Amazon, Facebook и Googlе, имено заедно држат 62 отсто од интернетот во САД, според податоците на комоанијата за истражување на пазарот eMarketer.

Во јули 2019 година беше објавено дека американските власти се подготвуваат да започнат голема истрага против Amazon, Facebook, Google и Apple за проверка на можно нарушување на законите за монопол од нивна страна. Според Reuters, овластувањата во постапката ќе биде поделени меѓу Федералната комисија за трговија, која ги преземала Amazon и Facebook, и Министерството за правда, кое се занимава со Apple и Google. Тогаш истовремено и демократите кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом најавија почетокот на сопствена истрага.

Челниците на интернет компаниите, исто така, ќе мора да одговараат и на прашањата за нивните деловни практики и како тие влијаат врз помалите конкуренти.

Претседателот Трамп истовремено во средата се закани дека ќе „внесе правда“ во главните технолошки компании преку носење извршни уредби,

„Ако Конгресот не го стори она што е праведно за големите технолошки корпорации, што требаше да се случи со години порано, јас тоа ќе го сторам лично преку извршните укази. Во Вашингтон со години само имаше зборови но не и дела, а луѓето во нашата земја се сити и заморени од тоа“, напиша Трамп на Twitter, социјалната мрежа чиј челник не е присутен на сослушувањето, но американскиот претседател исклучиво ја користи за своето комуницирање со јавноста.

Споменатите компании заедно претставуваат пет трилиони долари во американската економија. Сослушувањето во средата е првпат Џеф Безос, најбогатиот човек на планетата, да се појавува пред Конгресот. Неговото богатство е посебно под лупа имајќи предвид дека се зголеми во текот на пандемијата со коронавирусот, додека другите компании се под големи тешкотии.

Трамп веќе носеше уредби против интересите на големите технолошки компании. Претходно годинава потпиша указ за намалување на правната заштита за социјалните мрежи, кусо откако Twitter крај еден негов твит стави предупредување за кршење на правила и ги предупреди корисниците дека е потребно да се проверат фактите кои се наведуваат.