Конгресот го одобри планот на Обама во борбата против Исламската држава

Претставничкиот дом на САД, Конгресот го одобри планот на американскиот претседател Барак Обама за обука и вооружување на сириските бунтовници кои се борат против екстремистичката Исламска држава.Обама изјави дека давањето на зелено светло на планот од Конгресот е „важен чекор“ за да се одговори на заканата на терористичката група „позната под името Исламска држава“.

Претставничкиот дом каде што мнозинството го имаат Републикнците, во рекорден рок го одобри планот кој денеска треба да се најде пред Сенатот каде што исто така се очекува да добие поддршка.Иако ги изложи плановите за зајакнување на борбата против Исламската држава, која дејствува на северот на Ирак и Сирија, Обама вчера повтори дека нема да испраќа војници за да се борат на терен.

Американскиот претседател вчера имаше консултација со воените официјални лица во САД за антитерористичкта кампања против Исламската држава.Истовреме во Ирак елитните единици на ирачката војска водат борби против џихадистите во Фадиља, околу 50 км од Багдад.Американските сили изведоа воздушни напади на три упоришта на Исламската држава јужно од главниот град, во кој загинаа најмалку четворица екстремисти, јавија денеска агенциите.