Американскиот Конгрес го усвои буџетот за фискалната 2014-та година, со што е обезбедено финансирање на државните институции до 30-ти септември, кога истекува фискалната година во САД.
Претставничкиот дом во средата го усвоил законот за буџетот од 1.100 милијарди долари, со 359 гласови „за“ и 67 „против“. Во Сенатот вчера „за“ тој забиле 72, а „против“ се 26 претставници.
Законот за буџет сега ќе биде проследен до американскиот претседател Барак Обама на потпишување.
Демократите и републиканците на почетокот на неделата во Конгресот е постигнат договор околу законот за финансирање за фискалната година, во кое што се наведуваат предвидените трошоци за секоја федерална институција.
Американскиот Сенат во декември го усвои државниот буџет за следните две години, испраќајќи сигнал за фискалната стабилнсот на САД по блокадата на сојузната влада во октомври.