Конгресот на САД не ја поддржува продажбата на „F-16“ на Турција додека на го одобри проширувањето на НАТО

Американскиот Конгрес нема да ја поддржи продажбата на борбените авиони „F-16“ на Турција во износ од 20 милијарди долари, сѐ додека Анкара не го ратификува членството на Шведска и Финска во НАТО, објави заедничка група демократски и републикански сенатори.

Шведска и Финска заедно ланската пролет поднесоа барање за придружување на Северноатлантскиот воен сојуз со кого тесно соработуваа со децении и покрај сопствената декларативна воена неутралност. Но сега се соочени со блокадата од Турција, која д двете нордиски земји бара да ѝ ги предадат лицата кои Анкара ги обвинува за тероризам а Стокхолм и Хелсинки им даваат политички азил.

Анкара сака да ѝ бидат предадени припадниците на Работничката партија на Курдистан (PKK) којашто како терористичка организација ја препознаваат и ЕУ и САД, како и следбениците на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен FETO кои ги обвинува за неуспешниот воен удар од јули 2016 година.

До јануари се чинеше дека разликите ќе бидат надминати според трилатералниот договор постигна во јуни минатата година, но по неодамнешните антитурски и антиисламски инциденти во Стокхолм на собири кои ги дозволија шведските власти, Анкара порача дека може засебно да го одобри влезот на Финска а и натаму да го блокира пристапувањето на Шведска во НАТО. Но во четвртокот премиерите на двете земји истакнаа дека нивното заедничко пристапување е неделив процес.

Во писмото до американскиот претседател Џо Бајден, 29 демократски и републикански сенатори наведуваат дека двете скандинавски земји „вложуваат целосни и добри напори“ да ги исполнат условите за членство во НАТО кои Турција ги бара без да конкретизираат, иако Анкара договореното да се спроведе на дело.

„Откако Турција ќе ги ратификува протоколите за пристапување во НАТО, Конгресот може да ја разгледа продажбата на борбените авиони F-16. Меѓутоа, неуспехот тоа да се стори би ја довело во прашање продажбата која е на чекање“, напишале сенаторите.

Ова е првпат Конгресот експлицитно и директно да ја поврзува продажбата на авионите на Турција со барањата на Шведска и Финска да пристапат во НАТО.

Администрацијата на претседателот Бајден веќе во неколку наврати порача дека ја поддржува таа продажба и одбие да ги поврзе овие две прашања, иако призна дека ратификацијата на пристапувањето на двете земји би го олеснил процесот на одобрување на продажбата во Конгресот.

Турција во октомври 2021 година побара купување на 40 ловци „F-16“ од американската компанија „Lockheed Martin Corp“ и речиси 80 комплети за модернизација на борбените авиони кои ги поседува.

Во текот на минатомесечната посета на Вашингтон, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека прашањето за НАТО не би требало да биде услов за споменатата продажба и ја повика администрацијата на Бајден да го убеди Конгресот да на ја блокира.

Односите меѓу Турција и САД одамна се во надолна линија, особено откако сојузниците во НАТО во екот на војната во Сирија ги повлекоа од турската територија противвоздушните системи „Patriot“ а потоа не испорачуваа други. Западните сојузници, покрај тоа, извршија притисок врз Турција да се откаже од намерата да создаде сопствен ракетен противвоздушен систем во соработка со кинески производител но повторно одбија да ѝ ги продадат западните системи. Поради тоа, Анкара набави батерии од руските напредни системи „С-400“, поради што САД воведоа санкции за Турција и го суспендираа нејзиното учество во изградбата на авионите од петтата генерација „F-35“ од кои речиси 900 компоненти се произведуваа во ова земја a Анкара требаше да добие 100 такви летала.

Турција тогаш порача дека може да се сврти кон други извори на испорака на борбени авиони, а минатата година го отфрли предлогот на САД да ѝ ги предаде на Украина  напредните противвоздушни системи „С-400 Триумф“ кои во 2019 година ги купи од Русија. Турција, којашто ја има втората армија во НАТО, во текот на украинската војна одржува добри односи и со двете завојувани страни и досега организираше повеќе договори со цел да се прекине конфликтот.