Голем внатрепартиски раздор се одвива во последниот период во редовите на владејачката СДСМ, се чини како кулминација на досега латентните несогласувања со политиките што ги води партијата под сегашното раководство и на личните нетрпеливости, а и ривалитет за надмоќ, брифираат извори од партијата за НетПрес.
Според овие информации, лидерот Зоран Заев на претстојните внатрепартиски избори, на кои сега-засега е единствен кандидат за претседателската позиција во СДСМ, се подготвува за конечна пресметка со т.н. „скопско крило“. Тоа подразбира отстранување на министерката за одбрана Радмила Шекеринска од сегашната потпретседателска функција во партијата, на што според нашите соговорници Заев интензивно работи.
Како што велат запознани со случувањата меѓу социјалдемократите, Заев на позицијата на Шекеринска планира да го постави актуелниот министер за здравство Венко Филиче, во чиешто друштво континуирано е во последниот период, многу повеќе отколку со кој и да е друг член на неговата партија во владиниот кабинет. Меѓутоа, посочуваат изворите, кога пред неколку дена на состанок на централниот одбор на партијата се обидел да го испита пулсот и само како гласно размислување да напомне дека Филипче би бил добар избор за таа партиска позиција, лидерот наишол на силно негодување од повеќемина влијателни членови на СДСМ. Тие во својата аргументација ги навеле бројните скандали поврзани со Филипче и лошото негово менаџирање во текот на пандемијата на коронавирусот, кое неможе да го покрие, ниту скапиот Пи-Ар на министерот.
За очекување е дека Шекеринска, која се има речиси втемелено во СДСМ и преку партијата ја доживеа политичката промоција, силно ќе возврати на ваквите обиди. Тоа, велат нашите соговорници, се гледа и од фактот што министерката за одбрана преку своите врски и инсталации во медиумите продуцира и стимулира објави за скандали блиски до луѓето на Заев, во прв ред поврзани со активностите на Филипче.
Партиски извори од СДСМ наведуваат дека нетрпението меѓу Заев и Шекеринска било најмногу забележително на владините седници. Наводно, министрите за образование и за правда, Мила Царовска, односно Бојан Маричиќ како и новата министерка за култура Ирена Стефовска, секогаш кога биле напаѓани на седници на Владата, биле земани во жестока одбрана и заштита од Шекеринска.
Ситуација, како што тврдат нашите соговорници, отишла дотаму што кога неодамна на седницата на неговиот министерски кабинет, Заев барал од Царовска детали за измените во Законот за образование, и на крајот премеирот нагласил дека се надева дека Шекеринска „нема забелешка на ова мое барање“.
Социјалдемократските партиски води во последниот период сѐ повеќе ги бранува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е и генерален секретар во владејачката партија. Од претходно беше познато дека Спасовски пројавува зголемени апетити за поголемо влијание во СДСМ, а сега нашите извори велат дека се дистанцира да зазема страна во пресметката меѓу Заев и Шекеринска, иако претходно важеше како противник на „скопското крило“, чијшто предводник се смета токму потпретседателката. Спасовски, како што велат упатените, го зазел ваквиот неутрален став по скандалот со бегството на поранешниот директор на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Спасовски, имено, без навлегување во поединости од контактите меѓу Заев и Мијалков, оценил од прес-конференцијата која ја одржа Заев во врска со скандалот, а на којашто се претстави себеси како главен човек кој ги исправал пропустите на другите служби и институции во обезбедувањето на порашениот шеф на тајната полиција, заклучил дека зад неговиот грб, неговиот премиер и партиски лидер договарал и преговарал со Мијалков.
Меѓутоа, и покрај сето разногласие и нетпреливост во редовите на СДСМ, упатените соговорници велат дека Шекеринска нема амбици да го заземе лидерското место на Заев, бидејќи била свесна дека веќе еднаш беше на оваа функција, како и дека во време на нејзиното лидерство партијата го остварила најлошиот изборен резултат. Шекеринска уште тогаш беше убедена дека е опструрирана од некои социјалдемократски струи, што сигурно и не го заборавила. Поради тоа, сега тактички и прикриено ги поддржувала и подгревала амбициите на Спасовски за претседателското место во СДСМ.
По најавите за поголемо влијание во политичката дејност на партијата на долгогодишниот лидер Бранко Црвенковски, засега нема нови најави за негови конкретни активности. Но, како што се посочува, и во текот на самото ажирурање на партиското членство на СДСМ било видливо неговото сѐ уште големо влијание меѓу социјалдемократите.