Студент ФМ 92.9, радиото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по третпат го распишува конкурсот за избор на најдобар млад поет-дебитант „Поезија во глувата соба“.
Право на учество имаат сите студенти на возраст до 25 години што досега не објавиле поетска збирка.
Испратете пет поетски творби напишани на македонски јазик со кирилско писмо заедно со своите податоци (име, презиме, факултет и контакти) на адресата [email protected], најдоцна до 8 јануари 2014.
Најдобрите тројца ќе учествуваат на специјалниот поетски радиоперформанс на фреквенцијата на Студент ФМ 92.9.
Конкурсот „Поезија во глувата соба“, чија цел е поддршка на младите креативци, првпат беше одржана на крајот на 2011 година од страна на редакцијата на универзитетското радио Студент ФМ 92.9.