Конкурс за драмски текстови

Министерството за култура објави Конкурс за откуп на драмски текстови од македонски автори со цел да се стимулира драмското творештвото за потребите на македонската театарска сцена и да се промовираат домашните драмски автори. За откуп на авторските права Министерството за култура на авторите ќе им додели авторски надомест во износ од 100.000 денари.

Конкурсот е отворен до 31 јануари 2015 година за сите автори-државјани на Република Македонија. Секој автор има право да конкурира со по еден оригинален драмски текст пишуван на македонски јазик, кој не е претходно изведуван ниту публикуван.

Стручната комисија треба да  избере најмногу три драмски текстови од пријавените на конкурсот, а потоа, тие  ќе бидат објавени.