Собранието на денешната седница ги констатира оставките на пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ, на Бајрам Кадрија од ДУИ и на пратениците Мухамед Зеќири и Сања Лукаревска од СДСМ.
Ниту еден од пратениците не ја образложи својата оставката.
Претседателот на Собранието Талат Џафери ја повика Државната изборна комисија да го извести Парламентот за кандидатите за пратеници кои се следни на листите од кои беа избрани Дурловски, Бајрами, Зеќири и Лукаревска за на новите пратеници да им се верифицира мандатот.
Неофицијсално, Мухамед Зеќири ќе биде новиот директор на Фондот за здравство, Лукаревска се враќа на позицијата директорка на УЈП, додека Кадрија ќе биде новиот директор на Агенцијата за електронски комуникации.