Заменик премиерот на Косово, Слободан Петровиќ, изјавил дека конститутивните седници на општините на северниот дел во Косово и Метохија ќе бидат одржани согласно според законите на Косово.
„Ситуацијата во северниот дел на Косово е поинаква, 14 години наназад беше таква ситуацијата да немаме никаков контакт со локланите претставници. Верувам дека Бриселскиот договор ќе биде почитуаван, за да се олесни животот на нашите граѓани“, рекол Шетровиќ во интервју за српската редакција на „Радио Косово“.
Петровиќ кој е лидер на Самостојната либерална партија и министер за локална самоуправа во Владата на Косово, оценил дека неодамнешните одржани локални избори се обележани со притисоци и закани.
„Во такви услови беше тешко да се учествува. Нашата партија и во такви услови оствари завидни резултати, учествувавме во 14 општини со свои кандидати, во осум сме имале кандидати за градоначалници. Во секоја општина добивме одреден број советници, во една општина добивме и градоначалник“, рекол Петровиќ.