Конститутивна седница на новиот собраниски состав

Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи конститутивна седница на осмиот пратенички состав.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски потпиша Решение според кое конститутивната седница треба да се одржи во 13 часот.

Според официјалните конечни резултати на Државната изборна комисија од предвремените парламентрани избори, одржани на 27 април, во идниот состав на Парламентот треба да седнат 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, 19 од ДУИ, 7 од ДПА и 1 од ГРОМ.

Опозицијата предводена од СДСМ освои 34 мандати, но одлучи да ги врати и да не учествува во новиот собраниски состав.