Конститутивна седница на Советот на Град Скопје

Првата конститутивната седница на Советот на Град Скопје, се одржа денеска.

Советот на Град Скопје најпрво ги избра претседателот и членовите на Комисијата за верификација, мандатни прашања, преставки и поплаки на Советот на Град Скопје.

Потоа Комисијата ги верификува мандатите на советниците на Советот на Град Скопје од локалните избори на кои  коалицијата предводена до Социјалдемократски сојуз на Македонија освои 21 мандат, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 17 советнички мандати, Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 3 мандати, Партијата БЕСА одвои 2 мандати и по еден мандат освоија партиите Левица и Алијанса на Албанците. Комисијата ги верификува мандатите на 44 советници, додека мандатот на советникот Ерџан Селими, којшто не присуствуваше на седницата ќе биде верификуван на некоја наредна седница.

По верификацијата на мандатите, се одржа расправа при што за нов претседател на Советот на Град Скопје е избрана Љубица Јанчева.