
Трофејниот италијански стручњак, Антонио Конте, лично и персонално ја демантираше сензационалната информација дека во новата клупска сезона ќе биде предводник на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ.
Само неколку часа откако во јавноста се појави информацијата дека Конте преговара со челниците на ПСЖ и дека ќе го замени актуелниот предводник на “светците”, Лорен Блан, италијанскиот тренер изјави дека не остарил никаков контакт со францускиот клуб и дека станува збор за новинарска лага.
“Прочитав дека веќе сум остварил контакт со раководните лица на ПСЖ. Не знам што да кажам, јас сум во голем шок. Од каде оваа информација. Не е точно дека преговарам со францускиот клуб, не е точно дека мојот агент остварил контакт со челниците на ПСЖ. Јас сум шокиран од оваа новинарска лага”, изјави Конте.