Тренерот на новиот италијански првак милански Интер, Антонио Конте, има намеда да замине од клубот, пишува во средата дневниот спортски весник Gazzetta dello Sport.
Конте, како што пишува весникот, би требало да го напушти клубот во следните два дена.
Причината за заминувањето од Интер наводно е одлуката на водството на клубот да го прекине досегашниот план за развој кој на Конте му бил претставен во 2019 година. Пократ тоа, управата за следната созана планирала добивка од 100 милион евра и намалување на платите на играчите за 15 до 20 отсто.
Оваа е првата титула првак на Италија за Интер по 11 години. Како замени на Конте на клупата на „Нераѕурите“ се наведуваат имињата на Масимилиао Алегри, Маурицио Сари, Сомеоне Инзаги и Синиша Михајловиќ.