За разлика од цела Италија, која остро ја нападна судиската организација, а причина за таквата реакција беше очајната арбитража на првенствениот натпревар помеѓу градските ривали, Јувентус и Торино, предводникот на Јувентус, Антонио Конте е единствениот кој застана во одбрана на луѓето во црно.
Главниот арбитар на тој натпревар, Никола Рицоли прво не му покажа заслужен црвен картон на чилеанскиот интернационалец од редовите Јувентус, Артуро Видал, а потоа не досуди чист пенал за Торино.
„Не ми се допадна тоа што се случи минатата сезона. Упатив неколку вулгарни коментари кон судијата после првенствениот натпревар помеѓу екипите на Јувентус и Џенова. Според мене, судијата не досуди чист пенал за Јуве во 94 минута. Жал ми е за мојата реакција, не смеев така да реагирам. Се извинив и сега поинаку се однесувам кога се во прашање судиите. Сега се оптеретувам само со фудбалската игра. Италијанските судии се најдобри во целиот свет и заслужуваат максимален респект”, изјави Конте кој важи за најголем плачко помеѓу тренерите во Италија, а неговиот тим важи за миленик на судиската организација.