Антонио Конте влезе во историјата на Интер како тренер кој го имал најдобриот старт со „нероаѕурите“.
Конте запиша пет победи во првите пет натпревари во Серија А и тврди дека тоа е плод на напорната работа.
„Ова е вредна победа против многу силен противник, кој се засили во текот на летото и работи со Симоне Инзаги веќе четири години. Петте победи на пет меча докажуваат дека напорната работа се исплатува. Сигурен сум дека во моментот кога ќе започнат лошите резултати, критиките ќе паднат врз нас, но ние сме подготвени за тоа“, изјави Конте.
Интер е лидер на табелата во Италијанското фудбалско првенство со 15 бода пред шампионот Јувентус кој досега собра 13 бода.