Конте повторно рони крокодилски солзи

Дека со право е дефиниран како најголем плачко во италијанската Серија А, предводникот на Јувентус, Антонио Конте покажа и докажа со изјавата дека вината за заслужениот пораз на „Сан Паоло” може да се лоцира во огромната парична сума која сопственикот на Наполи ја има потрошено за време на летниот преоден рок.

„Игравме против тим кој има потрошено околу 100 мил. евра за неколку засилувања кои пристигнаа во Неапол за време на претходниот летен преоден рок. Овој тим на Наполи е изграден за да победува, не да биде дел од ова натпреварување. Јувентус инвестираше околу 25 мил. евра, а Наполи потроши 100 мил. евра. Наполи потроши за една година колку што Јувентус троши за три сезони и пак се позади нас и имаат негатива од 17 бода. Исто така Наполи е елиминиран од Лигата на Европа. Настапивме пред неколку стандардни првотимци, но Наполи одигра подобро и заслужено ги освои сите три бода”, изјави Конте.