Последните испитувања на јавното мнение во САД покажуваат дека имиџот на американскиот претседател Џо Бајден претрпува значителни последици поради кризите кои се појавија последниот период.
Резултатите од анкетата, спроведена од Associated Press и истражувачкиот центар NORC покажаа дека поддршката за Бајден за еден месец е опадната од 54 на 50 проценти, додека во јули изнесуваше 59 отсто.
Поддршката за Бајден меѓу поддржувачите на неговата Демократска партија од јули опадна од 92 на 85 отсто, а кај оние кои не се одлучуваат за каква било политичка опција, падот е од 62 на 38 отсто.
Во март годинава, анкетите покажуваа дека 60 отсто од Американците го поддржуваат лидерството на Бајден во американската економија, а во септември тој процент на поддршка се намали на 47 проценти.
Коментаторите велат дека резултатите од анкетата се резултат на американското повлекување од Авганистан, американскиот третман на мигрантите од Хаити на јужната граница, ширењето на новиот бран на делта сојот на коронавирусот и договорањата на Бајден да добие одобрување од Конгресот за неговите економски , инфраструктурни и даночни политики.