Вдовицата на Јасер Арафат изјави дека е збунета од најконтроверзните верзии за причините за смртта на плестинскиот лидер.
Експерти овластени од француското правосудство ја отфрлија тезата дека Арафат бил отруен, а со тоа ја продолжија полемиката околу овој нејасен случај. Претходно, анализата на посмртните останки во Швајцарија, докажа дека во телото на палестинскиот лидер имало сомнителни количества полониум-210.
Роднините на Арафат изразија сомнежи во врска со информациите што доаѓаат од Франција.
Палестинскиот лидер почина во 2004 година токму во воената болница во Париз. Многумина Палестинци се сомневаат дека Арафат е отруен од лица испратени од Израел, односно преку соучесници од придружбата на палестинскиот лидер. Тел Авив ги отфрла овие обвиненија.