Маслото од палма е најмногу употрeбувано растително масло на планетава и неговата потрошувачката постојано се зголемува. Сепак, начинот на неговото производство го прави многу контроверзен производ.
Палмовото масло се добива од мезокарпот (црвеникавата пулпа) од плодот на маслодајните палми, првенствено од африканската палма Elaeis guineensis, а во помала мера и од американската палма Elaeis oleifera и Attalea maripa и се карактеризира со природно црвеникава боја поради високата содржина на бета-каротен.
Од една страна, познати се неговите здравствени придобивки и широка употреба, од друга страна, постојат загрижености за животната средина поврзани со постојаниот пораст на неговото производство.
Палмовото масло е буквално насекаде – во нашата храна, секојдневната козметика, средствата за чистење, дури и горивата. Тоа е извор на огромни профити за мултинационалните корпорации, а во исто време уништувајќи ја животната средина.
Палмите од кои се добива ова масло растат во тропските дождовни шуми и во изминатите децении зголемената побарувачка довела до невиден раст на неговото производство во Малезија, Индонезија и Тајланд. Ова, за жал, доведува до неконтролирано искористување на плантажите со маслодајните палми и резултира со широко распространето губење на овие незаменливи и биодиверзирани богати шуми.
Производството на палмово масло се поврзува со уништувањето на живеалиштата на загрозените животински видови, вклучувајќи ги и орангутаните, тигрите, слоновите и носорозите.
Неодамнешната анализа покажа дека 45% од земјиштето во Југоисточна Азија, кое во моментов се користи за производство на маслодајните палми беше опустошено, вклучувајќи и повеќе од половина од сите плантажи со палми во Индонезија и Малезија.
Се очекува уништувањето на шумите да има катастрофални ефекти врз глобалното затоплување, бидејќи шумите играат клучна улога во намалувањето на штетните гасови, преку апсорпција на јаглеродниот диоксид од атмосферата.
Покрај тоа, уништувањето на природните ресурси предизвикува и промени во екосистемот кој го загрозува здравјето и разновидноста на дивиот свет. Особено загрижувачко е влијанието врз загрозените видови, како што се орангутаните во Борнео, кои се соочуваат со исчезнување поради загубата на нивните живеалишта.
Исто така, има извештаи за злоупотреба на човековите права од страна на корпорациите за палми, како што се уништување на обработливо земјиште и шуми без дозвола, давање ниски плати, експлоатација на работната сила со обезбедување на небезбедни услови за работа и значително намалување на квалитетот на животот во тие места.
Бидејќи слични хранливи состојки содржат и другите видови масла и храна, веројатно е најдобро да користите други извори на масти за повеќето од вашите дневни потреби.
Во прилог на темата, Ви презентираме видео кое било наменето да се пушти во етер токму пред Божик. Станува збор за Божикна кампања на супермаркет во Исланд, кој направил договор со Greenpeace/Гринпис (невладина организација за заштита на животната средина) за да ја оживее нивната идеја преку анимиран краток филм со орангутан и уништувањето на неговото живеалиште во дождовните шуми од страна на одгледувачите на палмово масло.
Идејата била одлична, меѓутоа Божикната кампања на Исланд е забранета од ТВ, бидејќи се смета дека ги прекршува политичките правила за рекламирање.