Станислав Белковски, политиколог од Москва, во својата книга едноставно наречена „Путин” пишува дека рускиот претседател е само трауматизиран маж кој повеќе ги сака животните, отколку луѓето, па токму и затоа бега во природата за да може повеќе време да поминува со кучињата.
Најшокантно е што Белковски во книгата тврди дека Путин е скриен хомосексуалец, дека не го сака сексот, а аферата со младата и згодна гиманстичарка Алина Кабаева е само афера за да се залаже јавноста, која инаку го обожава својот, според книгата, навидум конзервативен и „мачо“ лидер. Но, Белковски пишува дека бројните „мачо фотографии“ на кои Путин позира со тигри и други животни во природата не се дел од кампањите на неговите советници за односи со јавноста, туку „поглед во неговата душа“.
Белковски го разлутил Кремељ со својата книга, а пред се’ со тврдењата дека човекот на чело на Русија всушност е само син на алкохоличар. “Малечкиот Владимир кој пораснал речиси без татко и родителска љубов бил повлечено дете”, напишал Белковски. Тој додава дека Путин всушност се родил две години пред официјалниот датум на раѓање. Неговата мајка се преселила во Грузија со него, за потоа да го испрати да живее во тогашен Ленинград со луѓето кои денес се познати како негови родители.
Во книгата авторот тврди дека Путин го поминал својот живот во потрага по замеско семејство. Така, тој во Борис Елцин пронашол татко, а Роман Абрамовиќ го смета за брат. Авторот го опишал Путин како длабоко осамен политичар кој бега од луѓето за времето да го поминува во природата со своите кучиња.
Овие зборови на рускиот политиколог и колумнист, портпарлот на Путин, Дмитри Песков ги оцени како „вистинско ѓубре“.