Контроверзната алжирска боксерка Келиф го освои олимпиското злато

Контроверзната Алжирка, 25-годишната Имане Келиф ја освои титулата олимписка шампионка во бокс во категоријата до 66 килограми на Олимписките игри во Париз.

Келиф, чиј настап на почетокот на Игрите крена голема прашина поради покаченото ниво на тестостерон, во финалето со едногласна одлука на судиите ја победи актуелната светска шампионка од Кина, 32-годишнаа Лу Јанг2). Бронзите ги освоија Тајланѓанката Јанјаем Суванафенг (23), актуелен светски вицешампион и Тајванката Чен Ниен-чин (27).

Тајванката Лин Ју-тинг и Алжирката Имане Келиф се двете боксерки кои добија забрана за учество на минатогодишното светско првенство откако ДНК тестовите покажаа присуство на машки XY хромозом. МОК ги отфрли резултатите од тестовите спроведени од ИБА како произволни и нелегитимни, велејќи дека нема причина да ги спроведе. На овие игри, МОК ги користи боксерските правила кои беа применети на Олимписките игри во 2016 и 2020 година и во нив не е вклучено тестирање на полот.

Во категоријата до 50 килограми кинеската светска шампионка Ву Ју (29) стана олимписка победничка, таа во финалето со поделена одлука 4-1 ја победи Турчинката Буса Наз Чакироглу (28). Ова е второ олимписко сребро за Чакироглу, пред три години во финалето загуби од Бугарката Стојка Крастева. Бронзите ги освоија Аира Вилегас (29) од Филипините и Назим Кизаибај (30) од Казахстан.

Во двете финалиња во машка конкуренција што се одржаа во петокот златото го освоија претставниците на Узбекистан кои со едногласна одлука на судиите ги победија своите ривали.

Асадуџа Мујдинхуџајев (23) на титулата светски првак во категоријата до 71 килограм ја додаде олимписката титула. Во текот на целиот турнир Мујдинхуџајев беше доминантен, а доминацијата ја потврди во финалето против Мексиканецот Марко Верде (22), кој може да биде пресреќен со среброто. Американецот Омари Џонс (21), светски вицешампион во оваа категорија од 2021 година и Британецот Луис Ричардсон (27), освоија бронза.

Лазизбек Мулоџонов (25) на бронзениот медал од минатогодишното СП одржано во Ташкент му додаде олимписка титула, а во финалето лесно го победи поранешниот полутешкаш, претставник на Азербејџан роден во Куба, Лорен Алфонсо (29). Бронзата ја освоија Шпанецот Емануел Рејес (31) и Таџикистанецот Давлат Болтајев (25).